Мијалков тврди дека нема да бега, а ако Апелација потврди ќе си одлежи 3 години

Поранешниот директор на УБК кој денеска е осуден на 3 години затвор во предметот на СЈО, „Титаник 2„, по што беше побаран притвор за него поради опасност од бегство тврди дека нема да бега.

Пред судот Сашо Мијалков рече дека нема да бега и дека бегството не е во негов стил.

-Ако апелациониот суд ја потврди пресудата јас ќе ја издржам казната, истакна Мијалков пред судот навестувајќи дека ќе поднесе жалба по првостепената судска пресуда.

Во новата зграда на вториот кат каде е изречена пресудата за Титаник 2 има повеќе полицајци во цивил, кои се припадници на единицата алфи, известува репортерката на Телма, Елена Ивановска Мукоска.

За двајца од осудените беше побаран притвор, покрај за Мијалков и за екс членот на ДИК Бедредин Ибраими кому е пресудена затворска казна од 4 и пол години.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ