
Мијалков приведен и однесен во Шутка – Неизвесно дали утре ќе биде донесен на рочиште за „Таргет-Тврдина“
Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков полиција го изнела со лисици од скопскиот хотел „Мериот“, од каде што го спровела во истражниот затвор во Шутка.
На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков му е одреден 30-дневен притвор и вечерва е приведен во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Од Судот велат дека Мијалков е притворен по барање на СЈО поради опасност од бегство, а судија на претходна постапка попладнево му одредил мерка притвор од 30 дена.
Од СЈО исто така потврдуваат дека Мијалков е приведен за предметот „Таргет-Тврдина.“
Освен за предметот „Таргет-Тврдина“, поранешниот шеф на УБК е обвинет и во неколку случаи на СЈО, како „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2.“