
Мијалков не се сеќава на разговорите за „Монструм“
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков тврди управата која тој ја раководел не била вмешана во истрагата за случајот „Монструм“. Соочен со транскриптите од аудио бомбите како докази на повеќето не се сеќаваше. Истрагата ја водел обвинител со Бирото за јавна бебздност а УБК била настрана освен кога помагала со анализи и проверки, но само до поднесувањето на кривичните пријави. Помош во истргата давале и странски тајни служби откри Мијалков, а негираше дека безбедносните служби ззнаеле дека се подготвува крвопролевање.
,Не се сеќавам дека се работело за вмешаност на исламистичка групаа. Да. Имавме некоја оперативна обработка за исламистичка група. Не можам да се сетам дали оперативната обработка за исламистичката група се издиференцирала од овој случај. Не можам и да се сетам дали од странските служби ме информирале дека станува збор за лица од Авганистан и Ал Каеда. Сите мотиви ги класифицираше јавниот обвинител за овој случај, рече Мијалков
По, два часа на пултот Мијалков местото како сведок му го отстапи на советникот за безбедност на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Синиша Алексовски тврди дека не е вмешан, туку дека неговото име го споменал лидерот на СДСМ Зоран Заев на семјствата на убиените момчиња. Тој пак, попрецизно објасни дека двајцата бегалци во Косово како и Фејзи Азири во судницата, биле таргетирани од единицата Алфи како сомнителни лица кои имаат склоност кон ракување со оружје, но не потврди дека биле дел од радикална исламистичка ќелија.
Имав усна информација од полицискиот службеник Зоран Трајковски дека има движења на екстремистички групи кои би можеле тие празнични денови да нападнат полициски станици. Го прашав дали за ова официјално го известил МВР, УБК Куманово и воените структури. Му напомнав дека во овој период на годината секогаш има полуинформации, дека и тие што диво сечат шума наводно биле екстремисти, сведочеше Алексовски.
И оваа дојава не била процесуирана во МВР. До сега никој од поранешните полициски службеници кои сведочеа рекоа дека не занеле дека се подготвува напад. Пред Мијалков и Алесковски сведочеа Гордана Јанкуловска, Љупчо Тодоровски „Радникот“, Али Ахмети, Бујар Османи и Зоран Заев. Наредното рочиште е резервирано за поранешниот вицепремиер Муса Џафери и поранешниот министер за правда Блерим Беџети.
Павле Беловски