
Мијалков не се чуствува виновен „Тортура“, СЈО ќе докажува дека му се одмаздувал на Бошкоски
Апсолутно не се чувствувам виновен одговори Екс директорот на УБК Сашо Мијалков за случајот „Тортура“. И другите шестмина алфи обвинети за мачење и друго сурово постапување при апсењето на Бошкоски, рекоа дека воопшто не се чувствуваат виновни. На само неколку метри од нив седеше Бошковски. Рече дека е неприфатливо да тврдат дека се невини.
СЈО ќе докажува дека Мијалков сакал да му се одмазди на Бошкоски поради политичките пораките кои лидерот на ОМ ги испраќал за време на изборната кампања. Ги навел алфите на чело со командантот на единицата Ивица Анчески Пуки кои употребиле прекумерна сила иако Бошкоски не давал отпор, рече обивнителот Љубомир Лапе во воведниот збор. Го легнале на земја, му се заканувале а еден од нив и му вперил пиштол во образ и му рекол – „бел ден да не видиш“. Меѓу доказите предлагаат видео снимки од апсењето, аудио снимки од бомбите и со сведоци. За душевното страдање што го доживеал Бошкоски има психијатриско вештачење.
Одбраната ќе докажуваат дека Бошкоски давал отпор при приведувањето. Адвокатот Шврговски пак рече дека ниту во бомбите, ниту во други докази, нема ништо што укажува дека Мијалков ги поттикнал алфите. Адвокатите се повикаа и на пресудата на грчкиот врховен суд кој одби екстрадиција за Грујевски и Бошковски поради помилувањето на претседателот. Адвокатот Петар Василев рече дека сите обвинети во „Тотрура“ освен еден се ослободени од кривична одговорност и доколку судот и СЈО продолжат со постапката, ќе го прекршат Уставот и неосновано ќе го оштетат буџетот.
За апсењето ден по изборите во 2011-та Бошкоски ќе раскаже на наредното рочиште на почетокот на септември. Денеска само потврди дека се приклучува на кривичниот прогон за обвинетите. Дополнитлено ќе каже колкава оштета бара.
За време на паузата од „Тортура“ во кафулето кај судовите Мијалков се сретна со Груевски, Јанакиевски и другите обвинети за „Шамарите во Центар“ кои од претходно таму беа на пауза. Откако се поздравија се вратија на судење.
Елена Ивановска Мукоска