Мијалков не сака да го коментира писмото што го испрати до Мицкоски

Сашо Мијалков чека одговор од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христија Мицкоски, по писмото кое викендот му го испрати нарекувајќи го лажен патриот. Мијалков денеска беше во судот како обвинет во случајот Титаник 2, но не беше расположен да разговара со новинарите. Пред една недела на седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ тој беше исклучен од партијата со обвинување дека соработувал со СДСМ и вршел притисок врз пратениците на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за имени на уставот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ