Мијалков ќе се брани на слобода, Јанкуловска на 1 јули треба да се пријави во Шутка

По повеке од пет месеци Шутка – домашен притвор – Шутка па повторно дома ексдиректорот на УБК ќе се брани од слобода. Кривичен му го укина домашниот притвор затоа што истекле 60 дена од пресудата за „Титаник два“ со која доби 3 години затвор. Обајснувањето е дека Мијалков за овој предмет се гони со обвинителен предлог поради што времето кое може да го мине во притвор или домашен притвор по изрекување на пресуда е 2 месеца. Кривичен му определи притвор по изрекувањето на пресудата на 8-ми март кој подоцна апелација му го замени со домашен.

Со оглед да рокот од 60 дена истекува на 06.05.2019 година, советот постапувајќи по службена должност утврди дека мерката куќен притвор треба да се укине.  Спрема истиот се определуваат мерки на претпазливост и тоа: обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во судот  и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна или друга исправа како и забрана за преминување на државната граница со лична карта, велат од Кривичен.

Од СЈО не ја коментираат одлуката на Кривичен, се уште не го промиле решението и потврдуваат дека кога е по скратена постапка е ограничен рокот во кој може да биде во притвор обвинет.

А жалбената постапка за „Титаник два“ каде обвинети се и лидерот на ДПА Тачи и уште четворица поранешни членови на ДИК почна во петокот кога судот ја испратил писмената пресуда до СЈО и одбраната.

И додека Мијалков ја почнува правната битка пред апелација од слобода, неговата поранешна шефица Гордана Јанкуловска доби два месеца повеќе со своето дете на слобода.

Од Кривичниот информираат дека ексминистерката за внатрешни Гордана Јанкуловска на 1 јули треба да се пријави во затвор за издржување на четири годишната затворска казна за случајот „Тенк“. Судија за извршување на санкции го прифатил нејзиното барање и и ја одложил казната за неколку месеци заради чување на бебето, кое се уште не наполнило една година. Апелација на крајот на март донесе пресуда со која и ја намали од 6 на 4 години затворската казна на Јанкуловска.

Завршената правосилна пресуда за „Тенк“ за Јанкуловска го отвори патот за жалбата на Груевски пред Врховен во чии раце сега е единствената правсилна пресуда на експремиерот поради која и избега од државата.

Кривичен го испратил предметот во Врховниот суд кој треба да одлучува за вонредниот правен лек на експремиерот Никоа Груевски кој бара највисокиот суд да му ја укине 2 годишната затворска казна за „Тенк“ за луксузниот мерцедес.

Но Груевски е обвинет и му се суди во отсуство во уште 5 други предмети „Траекторија“ за автопатите, „Титнаик“ за изборните нерегулатности, „ТНТ“ за Космос, „Шамари во Центар“ и „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски, Јанкуловска и екс помошникот министер во МВР Ѓоко Поповски одговараа за набавката на блиндираниот мерцедес од 600,000 евра но постпаката за Јанкуловска беше издвоена поради бременоста и неа и се судеше посебно.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ