
Мијалков, Јанкуловска и адвокатите не биле стручни за да состават прашања за свиркачот Лазаревски
Клучниот сведок на СЈО укажувачот Ѓорги Лазаревски користел многу стручна терминологија која за адвокатите е непозната и потребна им била помош од ИТ инжењер за да му постават прашања. Со вакво образложение одбраната побараа и доби одложуваање на денешното рочиште за „Таргет Тврдина“, наспорти несогласувањето на обвинителите од СЈО кои сметаа дека барањето е неосновано со цел да се одолговлечи судењето и прашаа што чекале до сега адвокатите за да ангажираат стручен советник. Иако Мијалков кој со години беше директор на УБК а дел од обвинетите работеле во управата, според одбраната не се стручни како сведокот Лазаревски.
Лазаревски до сега на две рочишта одговараше на прашањата на обвинителите од СЈО а денеска требаше вкрстено да го прашуваат обвинетите и адвокатите. Шврговски смета дека и на судиите им е непозната стручната терминологијата што тој ја користи сведокот. „Таргет Тврдина“ продолжува на крајот на јануари. Мијалков и утре има судење за „Тортура“ а одбраната очекува одлука за притворот.
Од СЈО потврдуваат дека се уште не испратиле мислење за притворот на Мијалков, кој понуди гаранција во имот вреден 1 милион евра за да излезе од Шутка.
Мијаков е во притвор за истрагата на СЈО „Империја“ исто како и бизнисменот Камчев, кој пак понуди гаранција во имот вреден 14,5 милиони евра.
Елена Ивановска Мукоска