Мијалков го гледаше Груевски на видео бим во судница

Додека столчето на експремиерот Никола Груевски беше празно и на денешното судење за „ТНТ“ тој се појави во соседната зграда на судењето на „Тортура“, но на видео бим. Гласот и ликот на Груевски го привлече вниманието и на поранешниот директор на УБК и братучед Сашо Мијалков, додека во судницата се гледаа снимки од апсењето на Љубе Бошкоски но и цели вести на телевизии од 6-ти јуни 2011. Ден по парламентарните избори кога се спреведуваше акцијата „Кампања“ за приведувањето на лидерот на ОМ, Груевски го пушта во употреба базенот во Карпош. Покрај вестите за Бошковски, смртта на Мартин Нешковски, изборните анализи, Мијалков и обвинетите алфи го видеа и приогот за реконструкција на затворите Куманово, Тетово, Идризово, но и Шутка, каде сега е во притвор поранешниот прв човек на тајната полиција.

Мијалков во четврток повторно ќе биде спроведен во суд на ново рочиште за прислушувањето а Груевски наместо во судница сам ќе одлучи како да го помине денот во унгарската метропола. Еден месец откако избега се уште е енигма како ја минал македонската граница. Министерката за правда очекува дека Груевски ке биде екстрадиран.

Државите од балканската бегалска рута на Груевски се огласија со информации дека се движел низ нивната територија и зошто не го спрчеиле. Македонските истражни органи анализираат снимки, собираат докази, но засега се уште не дале одговор на ова прашање.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ