
Мијалков донесен од Шутка на суд за рочиштето за предметот „Трезор“
Со три полициски џипови во Кривичниот суд беше донесен поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков на кој денеска му се суди рочиштето за случајот „Трезор”.
Мијалков е во притвор од минатата недела, а ден по неговото приведување во Кривичниот суд беше закажано рочиште за случајот „Таргет – Трврдина“ во кој тој е обвинет. Но, тогаш не беше спроведен со образложение од судот дека судиите кои постапуваат немале доволно време да испратат наредба за негово спроведување до истражниот затвор во Шутка.
Поранешниот шеф на УБК не беше спровееден на суд, ниту во вторникот на рочиштето за случајот „Титаник 2“. Во случајот „Трезор“ освен на Мијалков, им се суди и на поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник министер во МВР Небојша Стајковиќ. Овој предмет се однесува на набавката на елекртронско-комуникациската опрема за потребите на Петата управа во УБК.