
Михаел Рот: „Македонските граѓани да покажат храброст“
Европската перспектива гарантира добра иднина за сите, особено за младите. Ова е пораката што денеска ја испрати министерот за Европа при германското МНР, Михаел Рот. Порача дека македонските граѓани на претстојниот референдум треба да покажат храброст и да испратат јасен сигнал за членство во ЕУ и НАТО.
Вицепремиерот Бујар Османи, пак, рече дека состојбите во државата ќе се подобрат веднаш после успешниот референдум.
Османи, кој заедно со Рот учествуваше на панел-дебатата на тема „Мултиетничко општество„, организирана од Фондацијата „Фридрих Еберт“, рече и дека мултиетничноста е само додатна вредност за збогатување на општеството во пресрет на европската перспектива.
Далиборка Демјанска