Мичел со писмо до Mицкоски: САД се разочарани од вас

Американскиот помошник државен секретар Вес Мичел му пиша на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека САД се разочарани од него и челниците на партијата во однос на референдумот и нивните чекори во собранието за промена на Уставот.

Потсетувајќи колку САД силно веруваат во договорот меѓу Грција и Македонија, Мичел му пишува на Мицкоски, дека и покрај тврдењата дека  можел да се постигне некаков “подобар договор”, ние не веруваме дека тоа е можно.

Овој договор бараше компромис и од двете страни.  Тоа е прилика што веројатно нема да се повтори со години, ако не и со децении“, пишува  Мичел. Тој  потсетува на огромната поддршка на граѓаните за членство во НАТО и ЕУ  и дека сега Собранието е на ред да го преземе следниот, одлучувачки чекор.

„Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на принуда. Ова е историски важен момент за вашата земја, момент што бара храбро лидерство и зрелост. Како вистински пријател и поддржувач на македонија, ве поттикнуваме да ги тргнете настрана партиските интереси со цел унапредување на заедничките стратешки интереси и обезбедување на посветла иднина за вашите граѓани во европското семејство на народи“, му пишува заменикот американски државен секретар Мичел на Мицкоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ