
Мичел: Единствено решение на спорот за името е она што ќе го постигнат двете земји
Единствено решение за спорот за името е она кое ќе го постигнат двете земји, сепак САД се и ќе продолжат да бидат ангажирани во процесот, е ставот на помошник државниот секретар на САД Вес Мичел, кој денеска во Скопје со премиерот Зоран Заев меѓу другото разговараше и за спорот околу името.
„САД се ангажирани веќе некое време и ќе останат ангажирани. Мислам дека мора да учиме од претходите искуства дека обемот, тајмингот и природата на нашата треба да одговараат на околностите“, изјави Вес Мичел, помошник државен секретар на САД.
Мичел притоа рече дека Македонија презела огромни чекори напред во преговорите со Грција.
„Пораката која ја испратив тука е дека САД ги поддржува Грција и Македонија во изнаоѓање на заедичко решение за спорот. Единствено прифатливо решение е заедничко решение. Мислам дека Македонија направи огромни чекори напред, ние сме одблиску ангажирани со грчката страна и двете страни презедоа заеднички чекори. Среќни сме со прогресот што е направен и тоа е огромна можност за доаѓање до решение“, изјави Вес Мичел, помошник државен секретар на САД.
Помошник државниот секретар на САД прито рече дека вратата на НАТО за Македонија останува отворена иако не е поврзана со конкретен датум, но оти може да се направи се што се може да се одбележи напредокот на Македонија и заложбите на САД таа да стане членка и на Алијансата и на ЕУ.
Заев по средбата со Мичел рече дека Македонија и од ЕУ и од НАТО очекува потврда за напредокот кој го направила во изминатиот период, преку старт на преговори со ЕУ и окончување на процесто за членство во НАТО во јули. Во тој контекст Заев изнесе лично уверување дека почнува финалната фаза за решение на спорот за името. Тој за предлог-спогодбата која ја подготвува Грција рече дека секој документ кој може да им помогне на преговорите ќе биде од помош, но оти клучните документи се во рамките на процесот под покровителство на Нимиц.
„Секој документ кој што ќе дојде од било која страна би бил од помош за конечно решавање, е вреден за разгледување. Ако е од помош, сето тоа што е од помош ќе го искористиме да помогне во процесот, ако не е, не е. Важно е тоа што доаѓа од медијаторот. Тоа што двете страни сме согласни е дека процесто мора да подолжи под раководство на ОН, бидејќи на двете страни така и им треба – да биде верификуван во ОН“, изјави Зоран Заев, премиер на Македонија.
Заев на прашањето дали ќе биде побарана помош од американската дипломатија доколку дојде до застој во преговорите со Грција рече дека секоја помош од пријателите е добродојдена.
„Дај боже да треба на нашите стратешки партнери да им соопштиме дека е најдено решение, прифатливо и за двете страни, со зачувување на достоинството и идентитетот на двете страни. Јас тоа го очекувам, но секако ако биде потребна помош јас очекувам од пријателите помош на принципиелене начин – да ги охрабри двете страби да се изнајде решението“, рече Зоран Заев, премиер на Македонија.
Мичел денеска Македонија ја посочи како регионален партнер на САД, но и партнер во мисисите на НАТО, изразувајќи поддршка за реформите кои се спроведуваат воз емјата. На средбата на Заев со Мичел присуствуваау шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска. Мичел кој се наоѓа на регионална турнеја од Скопје отпатува за Белград, а предвидена е и негова посета на Атина на 15 март.
Во контекст на преговорите околу името медиумите во Грција денеска најавија дека шефот на грчката дипломатија Коѕијас идната недела ќе допатува во Македонија во дводневна посета. Коѕијас за првпат во Скопје ќе допатува авионски, со слетување на скопскиот аеродром, кој пред 20-на дена од Александар Велики беше преименуван во Меѓународен аеродром – Скопје. Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, како што објавија грчките медиуми, Македонија, ќе ја посети на 22 и 23 март кога Канцеларијата за врски на Грција ќе го одбележува Националниот ден на Грција.
Тамара Грнчароска