
Метлата влезе во државните институции
Четириесетината испразнети места на разрешените директори ќе бидат пополнети наредната недела. На вчерашната владина седница поставени се само неколку нови: поранешниот пратеник Васко Ковачевски го напушта РЕК Битола и го презема раководењето со ЕЛЕМ од Драган Миновски, Александар Палчевски ќе влезе во Управниот одбор на М-НАВ, Милан Тоцев ќе директорува со Еурокомпозит, а прв човек на Инспекцискиот совет ќе биде Керамедин Селими. Без директори, членови на управни и надзорни одбори остануваат неколку десетици јавни и државни претпријатија, како МЕПСО, Македонија-пат, Железници, Здравствен дом-Скопје и други. За дел од нив, Владата може само да даде препорака. Повеќето од сега веќе поранешните функционери очекуваат нови функции, а од ДУИ посочуваат дека нивните кадри добро работат и ги исполнуваат ветувањата.
И премиерот Заев смета дека на дел од функционерите треба да им се понудат други функции. Од друга страна, промените ги прави како резултат на опомената што граѓаните му ја упатија на претседателските избори.
Уште по првиот круг на претседателските избори, Заев најави кадровски промени. Бранот почна два месеци подоцна со промени на неколку министри, продолжи со вчерашните разрешувања во вториот и третиот ешалон и со најави дека процесот ќе продолжи на локално ниво. Паралелно, СДСМ ги разреши потпретседателите и именуваше нов генерален и организациски секретар.
Меѓу нив се Сашо Василевски од МЕПСО, Драган Миновски од ЕЛЕМ, Гајур Кадриу од „Македонија пат“, Злате Мемедовиќ од Здравствен дом- Скопје, Ваљон Беља и Катерина Ставриќ од скопските клиники, Ирфан Асани од Железници, и други. Додека премиерот Зоран Заев најавува почеток.
Соња Николовска