Металург имаше сили само за едно полувреме на гостувањето во Брест

Металург го доживеа вториот пораз во новата сезона од ракометната СЕХА лига откако на гостувањето во Белорусија загуби од Мешков Брест со убедливи 41:29 во второто коло.

Тимот од „Автокоманда“ беше рамноправен противник до финишот на првото полувреме. Иако на двапати поведе и со три гола разлика, по 13:13 во 26 минута домаќинот направи серија од 4:2 и на одмор замина со предност од 17:15.

Без Филип Кузмановски кој чека раскин на договорот и не отпатува на ова гостување како и повредениот Мартин Велковски, македонскиот вицепрвак немаше сили да стори нешто повеќе на овој меч бидејќи во продолжение Мешков Брест го контролираше резултатот и заслужено ја извојува втората победа.

Халил Јагањац со шест голови беше прв стрелец кај Металург, Димитар Димитрисоки, Анте Токиќ и Мице Шилегов постигнаа по четири.

Металург следниот меч ќе го одигра за четири дена кога на деветти септември за првапт сезонава пред своите гледачи ќе го пречека Нексе.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ