Местата за претовар на смет се претвораат во диви депонии во Тетово

Речиси секоја година се менуваат, а со тоа и загадуваат локациите во Тетово, кои се користат за претовар на сметот кои работаа без никакви стандарди.

Кај железничката станица на влезот од Тетово, кај тетовски Требош, а сега во атарот на тетовско Фалише каде комуналниот отпад собран на дневна основа се истура на земја, пред да се однесе во скопската депонија Дрисла.

Наместо решение за моменталната состојба градоначалничката на Тетово, најави дека ќе се отворат плус две нови локации за претовар во полошкиот регион, како дел од проектот за управување со отпад.

Ветувања и проекти за решение на проблемот со отпадот во полошкиот регион од властите имало многу пати, но во пракса ништо не е реализрано.

Од холанска – албанската компанија за интегриран технолошки систем која се занимава со менаџирање со отпад во повеќе држави, велат дека и до централните и до градските власти доставиле решенија за менаџирање со отпадот во полошко, но не добиле никаков одговор.

Ваквите начини на справување со сметот, екологистите ги оценуваат како позитивни, ако се земе предвид фактот дека тоа се светски трендови.

Засега на терен не се случуваат никакви активности за решение на проблемот со сметот и дивите депонии, кои ги има на секој километар.

Се уште се работи на физибилити студии за менџирање со отпадот, проекти кои се финансирани од Швајцарката влада.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ