Мерцедесот ќе се продаде за набавка на болничка опрема

Владата на синоќешната 43-та седница ја усвои одлуката со која автомобилот „Мерцедес“ од околу 600.000 евра што беше во сопственост на Министерството за внатрешни работи, и се дава на трајно користење без надомест на владината Служба за општи и заеднички работи.

Со тоа се создава можност ова возило да биде отуѓено и средствата добиени од тоа да бидат наменети за набавка на болничка опрема.

На синоќешната седница донесени се повеќе одлуки, меѓу кои владата да ги покрие долговите на државните студентски домови, потоа на жените да им се овозможи да одлучат дали сакаат да работат ноќна смена, донесена е одлука за основање на Совет за реформи на јавната администрација, а за претседател на овој совет е именуван премиерот Заев, меѓу другите одлуки потоа усвоено е договорот со Бугарија да оди на ратификација.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ