Мерко тера по свое, намето попис на дивоградби достави листа на барања за легализација

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко продолжува со индолентниот однос и не го доставува списокот на дивоградби во Струга и во заштитениот појас. УНЕСКО, Владата и Националната комисија уште во јули побараа од него да го достави и инвентарот на дивоградби за да може да се направи акциски план. Мерко по шестмесечно игнорирање минатата недела до министерството за транспорт и верски доставил регистар со барања за легализација кој нема доприрна точка со она што е побара од него.

Од Владата нема никаква најава за евентуални санкции за Мерко и неговиот однос ниту пак објаснување зоштои се толерира. Премиерот Заев пак тврди дека воопшто не знаел за непостапувањето на струшкиот градоначалник

Во меѓувреме и жителите на Струга со апели до надлежните да се спроведе акција и да се спречи беззаконието во Струга кое го толерира Мерко. Во анонимно писмо до медиумите тие предупредуваат дека се подигаат дивоградби во заштитената зона како што е оваа хала покрај самиот брег, се бетонира автокампот во селото Калишта а угостиелските објекти  постваени на плажите за кои концесиите се истечени сеуште работат.

Владата пак има помалку од два месеци да ги примени и да испорача  барем дел од препораките на УНЕСКО неопходни да се зачува статусот на Охрид и Охридското езеро. Надлежните изготвија Акциски план, во кој немаше податоци од Струга а имаше неточна информација за изгласан закони кој го доставија до УНЕСКО. Иако од вкупно 19 препораки исполнети и завршени се само три Петровска е оптимист.

Во меѓувреме, по урнат еден покрив од куќа во внатрешноста на градот, Општина Охрид остана без средства за да продолжи со евентуалното уривање на дивоградби во заштитениот појас. Градските власти допрва ќе треба да утврдат и изгласаат нов Буџет, далеку поголем од оние 1,5 милиони денари кои првично беа предвидени и потрошени.

Според регистарот на дивоградби, во заштитениот појас во Охрид има вкупно 409 дивоградби од кои дваесетина се згради а седумдесетина куќи и викендички.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ