Мерко со најскапо и најново Ауди, Арачиново со едно возило за само двајца вработени

Цистерна прозиведена 71-ва, минатиот век треба да гаси пожари во Струшко но поради старост не може.

Во исто време, градоначалникот на Општината Струга, Рамиз Мерко не престанува да се фали со ганц новото Ауди А6 од 70 илјади евра и да ја разгорува јавноста навлекувајки на себе бес од граѓаните.

И додека и во останатите општини просечната старост на противпожарните возила се движи околу 35 години што покажува анализата на центарот за граѓански комуникации, истата невладина во 2018 тата направи и анализа за општинските возила кои ги поседуваат градоначалниците и нивните административци.

А таму возниот парк е многу понов и поскап од оној на пожарните.

Најнови и најскапи автомобили ако не се земе предвид аудито на Мерко имале општините Демир Капија и Чаир.

Демир Капија има две возила купени во 2014 та, фолцваген пасат ТДИ кои чинел околу 63 илјади евра и шкода јети за околу 40 илјади евра. Чаир, за 4 возила, сите купени во 2016 година, потрошила 138 илјади евра сите нисан леаф.

За најмногу потрошени пари за едно возило се уште на пиедесталот Свети Николе, кое во 2010 година купи Мерцедес ЦДИР 320 за кој плати 77.800 евра. По неа следува општина Кавадарци која во 2005 година исто така за Мерцедес, марка Е200 Компресор, плати 70.075 евра, а општина Струга во 2011 година потрошила 68.250 евра за набавка на Ауди А6 Куатро. Тука е и Гостивар со Ауди А6 од 65.600 евра и Демира Капија, со Фолксваген Пасатот. Сега нив сметките повторно им ги мати Мерко со аудито од 70 илјади евра.

Најново возило до лани имал Дебар, сега повторно Мерко избива на првото место.  Интересно е тоа што најстар возен парк има Старо Нагоричане, каде трите возила имаат просечна старост од 24 години. Но во Дебар, едно возило опслужува 61 вработен, за разлика од таму во Арачиново едно возило за двајца вработени.

Поле за големи критики на оваа власт кога беше опозиција беа токму луксузирањата на претходната власт со скапи коли.

Се уште води мерцедесот по желба на екс премиерот Никола Груевски за кој е и осуден. Сега локалните градоначалници не се срамат да се фалат токму со скапите лимузини.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ