
Мерко примал закани, ингеренциите и ги препушта на Владата
Откако добил вербална закана по живот струшкиот градоначалник Рамиз Мерко денеска преку писмо соопшти дека се откажува од ингеренциите врз Општината. Toj во писмото бара од Владата таа да раководи со градот Струга.
Во писмото Мерко го информира Премиерот Заев дека со намера спроведување на Законите, сите надлежности на Општината за урбанистичко планирање градежни дозволи и давање на концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги предава на Владата.
Вакавата одлука, напишал Мерко, е резултат на последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот на оваа Општина.