
Мерки за помош на бизнисот: 5,7 милиони евра за бескаматни кредити и субвенција на 50 % од придонесите
Кредитна линија од 5,7 милиони евра преку Банката за обнова и развој за малите и средни компании, и субвенции од 50 проценти од бруто платата за компаниите од најпогодените сектори. Ова е одговорот на економскиот тим на владата на целата листа барања на бизнисот за помош за справување со последиците од корона вирусот. Компаниите со 10 вработени можат да земат кредит од 3 до 5.000 евра, фирмите со од 10 до 50 вработени од 10 до 15.000 евра,а тие од 50 до 250 вработени до 30.000 евра. Кредитите се безкаматни со одложено плаќање од 6 месеци и рок за враќање од две години. Субвенциите пак за бруто платата ќе важат за компаниите од секторите туризам, угостителство, транспорт, но ако остварат добивка годинава ќе треба да вратат 50 проценти од износот. Оваа мерка ќе го чини буџетот 1 милијарда денари, а се очекува да опфати 70.000 работници.
Јас верувам дека сите сакаат денеска да добијат 100 проценти ослободување од бруто плата. Но дали тоа би било фер. Дали има една земја во светот, во Европа, во регионот која што го направи тоа. Да ја погледнеме Словенија која што е слична по обем, но економси многу посилна од нас. Дали им такви мерки. Нема такви мерки, вели Царовска.
Дали овој сет на мерки ќе биде сега критикуван треба да оставиме и на честа и на оние кои треаба сега да ги користат овие мерки и другите дај боже да не им бидат потребни. Главниот аспект и на сите држави и на нас како влада е да им помогнеме на компаниите да го премостат овој проблем.не да им ги простуваме долговите не да ги части владата компаниите туку проблемот кој епрв основен ликвидност и заштита на работни места, вели Ангеловска.
Компаниите ќе се ослободат од аконтативното плаќање на данокот на добивка за три месеци. А мораториум на плаќањата на кредитите и режиските трошоци за граѓаните и компаните за сега нема.
За да ја држиме ние ликвидноста да ја помагаме треба и буџетот да биде ликвиден. Дали може државата да ги одложи и да стави мораториум на сите возможни давачки, даноци режиски трошоци значи тука зборувате за сите режиски трошоци не е ни одлука за сите режиски трошоци на владата која може да ја донесе, владата може да препорачува, меѓутоа владата не може да донесе одлука, вели Ангеловска.
Ќе се формира и Фонд во кој ќе има над 70 милиони денари зае помош на туристичкиот сектор во земјава.
Александра Филиповска