
Меркел доаѓа во Македонијa
Германската канцеларка Ангела Меркел во сабота доаѓа во Македонија, на средба со премиерот Зоран Заев.
Ова е прва официјална посета на германски канцелар на Македонија, ако се изземе посетата на тогашниот германски канцелар Гертхард Шредер во 1999 година во време на косовската криза.
Посетата на Меркел се толкува во функција на референдумот закажан за 30-ти септември.
Портаполот нагерманската Влада Штефен Зајберт рече дека канцеларката „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, кој што ќе се одржи на крајот од месецот“.
Се очекува со премиерот Заев да разговара за билатерални и за регионални прашања.
Во февруари годинава, Меркел го пречека Заев во Берлин, а се сретна со него и во мај за време на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија, како и во јули на Самитот на НАТО во Брисел.