МЕР: Продлжува изградбата на гасоводот по постигнатата согласност со активистите

Откако граѓански активисти реагираа дека среде празник продолжило копањето на Водно за изградба на магистрален гасовод, од Македонски енергетски ресурси соопштија дека овие активности се отпочнати од понеделник по постигнување на согласност со граѓанскиот сектор.

„По постигнување на согласност со граѓанските активисти кои ќе бидат дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект, од понеделникот 8 октомври, почнати се активностите за продолжување на изградбата на магистрален гасовод делница Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно и тоа од на потегот кон Шишево“, се наведува во соопштението од МЕР.

Од иницијативата „Го сакам Водно“ реагираа дека и покрај сите ветувања дека нема да се продолжи со копање на Водно додека траат преговорите и консултациите и се водат постапки преку државните институции, денес се работи на државен празник.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ