
МЕПСО потпиша договор за инвестиција од 35 милиони евра за енергетско поврзување со Албанија
Македониja енергетски ќе се поврзе со Албанија. Компанијата МЕПСО денеска потпиша два договора со фирмата „Енергоинвест“ од Босна и Херцеговина и „Кончар“ од Хрватска за изградба на 400 киловолтна трафостаница и далекувод, инвестиција тешка 35 милиони евра.
Со ова практично почнува со реализација еден од најголемите енергетски проекти во земјава.