МЕПСО: Дефект на елемент од високонапонска опрема во ТС „Битола 2“ причина за испадот во РЕК Битола

Поради дефект на елемент од високонапонска опрема во трансформаторската станица „Битола 2“ регистрирана е безнапонска состојба денеска во 14:17 часот. Од тие причини, автоматски делувала релејната заштита на трансформаторската станица и го исклучила РЕК Битола, потврдуваат од АД МЕПСО.

Екипите на МЕПСО реагирале веднаш и,како што велат од компанијата, во 14:43 часот се создадени услови за повторно вклучување на преносната мрежа на „РЕК Битола“ најголемиот производствен капацитет на електрична енергија во земјава. -АД МЕПСО, во моментов, врши модернизација на високонапонската опрема во ТС „Битола 2“, електроенергетски јазол на кој е приклучен битолскиот рударско-енергетски комбинат, со што во иднина на минимум ќе се сведат ризиците од испади и дефекти, порачуваат од електропреносниот оператор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ