Менталните растројствa во подем – современа терапија само за малкумина

Менталните нарушувања се во подем, а терапијата застарена. Има само еден современ лек од понова генерација, достапен за ограничен број на пацинети со шизофренија. Останатите треба сами да  го купат за 20 илјади денари месечно или да продолжат да се лекуваат со застарена терапија.

  • Новата генерација лекови, не им се баш најдостапни. Имаме само еден лек кој е од поновата генерација, кој е за определен број на пацинети, а за кој имаме условен буџет од ФЗО, но тој е за лимитиран број на пацинети. Потребите, морам да признаам се доста поголеми. Ние имаме иницијатива до ФЗО за уште еден таков лек, рече д-р Стојан Бајрактаров, директор на Универзитетската Клиника за психијатрија.

И додека се чека Фондот за здравство да одобри пари за нови современи лекови, Психијатриските одделенија станаа престесни за пацинетите. Психијатрите дијагностицираат се повеќе аутистични деца и возрани во депресија, која и натаму е на врвот ментални нарушувања. Егзистенцијаните проблеми и тука се главниот виновник за поразителните статистики.

Оваа слика здравствените власти ќе ја менуваат со стратегија за подобрување на менталното здравје. Таа предвидува отворење центри на 100 илјади жители. Во стратегијата се детектирани повеќе недостатоци во ситемот – како малку алтернативи на болничко лекување или недостаток на програми за промоција, превенција и рехабилитација.

Весна Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ