Заради градењето партиски ставови, Менкиноски побарал одложување на средбата во министерството за правда

Преговарачот од ВМРО-ДПМНЕ за новиот закон за јавното обвинителство, адвокатот Тони Менкиноски денеска бил повикан на средба во министерството за правда, но побарал одложување на средбата, по градењето на партиски ставови, информираа за Телма од министерството за правда..

“Менкиновски беше повикан на средба денеска, но побара одложување на средбата, заради  градењето на партиски ставови”, велат од министерството.

Поканата за денешната средба доаѓа по изјавата на Менкиноски дека иако на последната средба со министерката за правда Рената Дескоска откако доставиле 65 амандмани за законот и се договориле да се видат повторно за амандманите, но поминало повеќе од една недела, а таа не му се јавила.

Работните групи на новиот закон за ОЈО, со кој треба да се уреди новиот статус на СЈО заглавија по неколку средби.

Од ВМРО– ДПМНЕ бараа СЈО да биде одделение во обвинението во организиран криминал, бомбите да не се користат како докази во предметите и да запрат новите истраги, услови што се неприфатливи за министерството за правда.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ