Мендух Тачи: Одиме на избори сами или во коалицијата со некои помали политички партии на Албанците

Или сама или во коалицијата со некои помали политички партии на Албанците ќе оди ДПА на престојните предвремени парламентарни избори. За кои партии станува збор лидерот Мендух Тачи не даде одговор, а за евентуална коалиција или соработка со македонскиот политички блок не сакаше да коментира.

ДПА пред нејзиното седиште на тетовскиот плоштад ја промовираше програмата и платформата насловена Преку врата доаѓа лето. Ги претстави кадрите кои доколку дојдат на власт би ги управувале  институции.

Претседателот Тачи се пофали дека станува збор за професионални кадри, но одлучиле да не ги прикажат сите пред пред јавноста, за да немаат репресии од функционерите на ДУИ.

Тачи на последното централно собрание на партијата минатиот месец побара гласачите да гласаат за ДПА или за СДСМ како партија од македонскиот политички блок, која според него исполнила одредени принципи за разлика од ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Мицковски, кој како што рече Тачи работел против неговата партија.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ