Менаџерката на „Веибо Груп” се сретна со поранешнте вработени за неисплатените плати и придонеси

До доцна синоќа во погонот на текстилната фабрика „Веибо Груп“ во Крива Паланка траеле преговорите на иницијативниот одбор на поранешните вработени и менаџерката, Кристина Јакимовска. Работниците бараат исплата на три неисплатени плати, придонеси за здравство и пензиско осигурување, како и исплата на прекувремените работни часови.

Откако менаџерката синоќа пристигна во фирмата, вработените го блокираа влезот на погонот, инсистирајќи на средба.

Иницијативниот одбор од Јакимовска побара е да се направи рамковен договор, со конкретни рокови, во кои фирмата ќе ги подмири побарувањата. Јакимовска пак смета дека таа спогодба треба да ја потпишат сите вработени со заверени полномоштва. Но, од иницијативниот одбор велат дека не се согласуваат со тој документ, и не сакаат да се изложуваат на нотарски трошоци, бидејќи таа спогодба во процесот може да биде ништовен

-Нема да се согласиме на документ кој само ќе им послужи на одговорните да си купат време, истакнаа денес од Иницијативниот одбор.

Јакимовска најави дека се во преговори со две фирми, од кои едната од текстилниот сектор, за да можат да ја рестартираат компанијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ