Мемеди: Во сценариото за „27 април“ учествуваше и пртатеникот Зекирија Ибраими

И сега и за 15 години ќе го мислам и тврдам истото. Настаните кои му претходеа на упадот во собранието на 27 април беа смислено сценарио во кое не учествуваа само пратениците од ВМРО – ДПМНЕ туку и пратеникот Зекирија Ибираими кој ја пееше албанската хима од Собраниската говорница.
Вака сведочеше поранешниот пратеник Весел Мемеди на денешното рочиште на судскиот процес за организаторите на насилствата во Собранието.

Во својот исказ тој кажа дека видел како пратениците Артан Груби и Џевад Адеми побарале процедурално да се обратат пред Зекирија Ибраими но тогашниот спикер Вељаноски предност му дал токму на Ибраими.

Додека тој ја пеел химната, Мемеди сведочеше дека пратениците од ВМРО ДПМНЕ  барале тишина во пленарната сала за да се слуша подобро а пратеникот Стевананџија им гестикулирал да се смират.

Неговот сведочење се обиде да го побие спикерот Вељаноски кој во вкрстеното испрашување го праша дали доколку некој се пријави процедурално за збор може во меѓувреме да се повлече што Мемеди потврди.

Адвокатите од одбраната пак велат дека нема доказ за тврдењата на Мемеди и дека ќе ги повикаат како сведоци пратениците Груби и Адеми.

Обвинителката Вилма Рускоска вели дека нема докази околу евентуалната инволвираност на Ибраими како што тврдеше сведокот мемеди.

На денешното рочиште сведочеше и Стефан Младеновски, обвинет во првиот процес за насилствата во Собранието од 27 април а потоа амнестиран, кој го повтори искзаот даден во претходниот процес и во детали објаснуваше за поврзаноста и координираноста меѓу екс директорот на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски и Александар Василевски Нинџа,  околу организирањето на протестите и упадот во Собранието.

Како сведок во процесот ќе се појави и Александар Василевски кој во моментов издржуива затворска казна од 8 години за упадот во собранието.
Тој на негово барање имал средба со обвинителката Рускоска бидејќи добивал закани од лица осудени во истиот процес

За организирање на упадот и насилствата во Собранието на 27 април обвинети се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристевски и Владимир Атанасовски. Во истрагата за беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена бидејќи се во бегство.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ