Меѓусебна нетрпеливост, причина за убиството пред седиштето на ДУИ

Расправија во седиштето на ДУИ претходела на пукотницата во Мала Речица. Неофицијалните информации се дека двете кумановски групи се сретнале на состанок во партијата. Наводно се договориле за она што биле таму, но сепак се скарале на излегување, при што надвор започнала тепачка.

На местото на настанот е пронајдена и безбол палка потврдуваат од МВР. По ова започнала пукотница, меѓу двете групи. Првата приврзаници на Назим Беќири, а другата на Фариз Дервиши. Убиениот Наип Реџепи е од група на Дервиши, кој според неофицијални информации бил амнестиран од петгодишна затворска казна и неодамна излегол од затвор.

Неофицијално меѓу уапсените е и неговиот брат Сабри Реџепи, кој имал повреди на нозете но не биле од огнено оружје па уште вчера е пуштен од тетовската болница, потврдуваат за Телма од таму. Со тешки повреди на градниот кош и прострелни рани во ургентниот центар во скопје пренесен е 22 годишниот Форим Мусими.

За инцидентот уапсени се четворица меѓу кои има и еден албански државјанин. Детали за сега не откриваат ниту од обвинителство ниту од полицијата. Од МВР само потврдуваат дека на местото пронајдени се 8 чаури, еден неиспукан куршум, три зрна и една безбол палка.

Инаку нетрпеливоста меѓу двете кумановски групи на ДУИ траела од поодамна а излегла на виделина за локалните избори кога биле креирани советничките листи, велат извори на Телма од партијата.

Според дел од информациите ДУИ требаше денеска да го одржи продолжението на претседателството но од таму велат дека е откажано уште пред неколку денови поради продолжениот викенд а како доказ испратија и СМС порака во која уште во вторникот известуваат за одложувањето. Сите информации дека инцидентот е поврзан со партијата ги демантираа уште вчера.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ