
Меѓу загинатите во автобуската несреќа и синот на пратеникот Благојче Трпевски
Пратеничката група на СДСМ за Телма потврди дека меѓу загинатите е и Јовица Трпевски син на пратеникот Благојче Трпевски од Гостивар. Тој е една од 13-те жртви во страшната сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случи на автопатот Скопје – Тетово.
Несреќата според очевидци се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.