
Меѓу петте пријавени на тендерот за набавка на вакцини и фирмата Македонија лек
На денешното отворање на тендерот вреден 10 милиони евра за вакцини за наредните две години се пријавиле вкупно 5 компании. До комисијата за набавки на мининистерството за здравство пристигнале понудите на компаниите Македонија лек, Елбиор, д-р Пановски, Феникс фарма и Алкалоид конс.
На делот за напавка на МПР вакцините се пријавени Феникс фарм и Алкалоид конс, а Македонија лек не се пријавила за овој дел од тендерот но конкурирала за набавка на други типови на вакцини.
За оваа фирма обвинителството отвори предистражна поспатка откако беа откриени вакцини со погрешни декларации со изминат рок. На последниот тендер државата купи вакцини само од две фирми Македонија лек и Елбиор.