Меѓу денешните починати од КОВИД 19, и жената која двапати беше негативна на тестот

Почина 80 годишна жена од Штип на Клиниката за Инфективни болести во Скопје. Жената која ја загуби битката со коронавирусот најпрвин се лекуваше на штипското Инфективно одделение. Иако со симптоми сепак првичните два теста покажаа дека е негативна и имаше дијагноза на бронхопневмонија. Но по третиот тест, кој го напрви семејството на сега починатата жена покажа дека е позитивна на Ковид 19. По нејзиниот случај во самоизолација се ставени 14 медицински лица од штипското Инфективно одделение. Четврти ден самоизолирани  се двајца лекари, осум медицински сестри и четворица болничари, кои имале контакт со 80 годишната жена. Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев упати апел до здравствените работници да ја користат заштитната опрема, онака какошто е пропишано според протоколите.

На штипското Инфективно одделение се лекуваат пет пациенти заразени со коронавирус, од кои двајца од Штип и тројца од кочанскиот регион, а четворица од неколку општини од истокот се со сомнителни симптоми и се чекаат резулатите. Ова е втор смртен случај во Брегалничкиот регион, вчера почина 40 годишен маж од Кочани, а денеска 80 годишна жена од Штип. Во Штип позитивни на коронавирус се вкупно 19, а во Кочани и Зрновци 16 лица.

 

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ