
Меѓаши: За детските права во Собранието се дискутирало само на 7 седници
Во Собранието лани за детските права директно се дискутирало само на седум седници.
Ова го покажува извештајот на детската амбасада Меѓаши која ја следела работата на собранието и собраниските комисии во периодот од јули до декември минатата година.
Статистките покажуваат дека тоа не е ни третина од вкупниот број на одржани седници.
Шестмесечното истражување покажало дека Комисиите за труд и социјална политика, комисијата за образование најмногу ги третирале детските права.
Во текот на работата на Собранието често се споменувало загадувањето на воздухот кое е ризично за квалитетот на живот на децата.
Во текот на следењето на собраниската работа, сепак увиделе дека за оваа проблематика не се зборувало и направило доволно.
Од Меѓаши потенцираа дека ваквите анализи се добри за да ги стимулираат пратениците самоиницијативно и почесто да се залагаат за детските права,
Теодора Цветковска