Медицинските сестри си ги бараат правата

Заштита на нивните права, но и на професијата бараат унијата на медицински сестри, откако пет здруженија се сплотија за да ресорното министерство им го слушне гласот. Сметаат дека медицинските сестри се соочуваат со анонимност на својата професија, иако се школуваат и завршуваат втор и трет циклус на студии колективните договори не ги препознаваат според нивната стручност.

Здружението „За нас“ бара во Законот за здравствена заштита да се направат измени и дополнувања за сестрите од концесионерското и од приватното здравство, бидејќи не постои рамка на договори врз основа на кои сестрите го засноваат работниот однос во здравствените установи, а често се случува да останат и без работа како технолошки вишок, по затворање на ординации или по пензионирањето на лекарите.

Во меѓувреме завршено е првото читање на законските измени, па здружението „За нас“ очекува вметнување на членот според кој сестрите од концесионерското и приватното здравство кои останале без работа, ќе бидат вратени во јавниот здравствен сектор од каде претходно биле пренасочени. Оптимстичките проценки се дека до крајот на годината ќе биде донесен закон за медицинските сестри и ќе се формира комората.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ