Mедицинскиот персонал во дебарската болница нема доволно здравствена заштита

Кризниот оперативен штаб во Дебар оцени дека медицинскиот персонал во дебарската болница нема доволно здравствена заштита. Во градските аптеки во Дебар, нема ниту маски, ниту заштитни ракавици. Пунктовите за излез и влез во Дебар на Бошков мост и Три чешми функционираат без проблеми. Во Дебар и Центар Жупа е воведена кризна состојба за да се спречи ширењето на вирусот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ