Медицинари му посакуваат смрт во затвор на Боки 13, тврди адвокатот Дуковски

Никој не сака да потпише Боки 13 да лежи на клиника, тврди неговиот адвокат. И покрај тоа што има еден задебелен бубрег, сериозни проблеми со желудникот и не може да се движи сам, докторите си ја префрлаат одговорноста.

Последниот инцидент се случил кога требало да биде примен на клиниката гастро, но наместо тоа го вратиле назад в затвор.

Директорката на клиниката Калина Ивчева Старделова е во странство но во куса порака вели дека судот треба да дозволи хоспитализација.

Адвокатот пак е задоволен од судот и вели дека дозволил но проблемот го гледа во здравствените работници, кои наместо да го лекуваат го навредуваат.

Во меѓувреме и затворскиот лекар три недели не му ја давал препишаната терапија од суспецијалист со што нанел уште поголема штета за здравјето, вели дуковски.

Сега Адвокатот прашува кој ќе биде крив ако Боки 13 умре во притвор? Се чуди како може обвинителката Вилма Русковска, да не се согласува со домашен притвор кога со свои очи го видела во каква состојба е на денот кога боки 13 требаше да даде своја одбрана.

Тој сега не е способен ниту да ја подготви својата одбрана за првото рочиште закажано за две недели.

Првообвинет е за случајот Рекет заедно со екс специјалната обвинителка Катица Јанева која се брани од притвор, и зоран милевски кичеец од домашен притвор.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ