
Медицинските сестри се почесто остануваат без работа
Расте бројот на медицински сестри кои останале без работа поради пензионирање или смрт на докторот во чија ординација работеле.
Седум нови сестри месецов останале без работа. Од Унијата на Медицински сестри, акушерки и техничари бараат министерот за здравство Филипче да се заложи и да овозможи сестрите кои веќе не работат во приватна ординација да можат да се вратат назад во јавното здравство.
Медицинските сестри бараат од надлежните наместо да се жалат дека има дефицит на кадар, да го искористат нивното образование и искуство и да ги вработат.
Одговорните за решение на проблемот, Министерството за здравство, го повторија нивното ветување од претходно. Велат, Законот за здравствена заштита е во процедура.
Во измените на тој закон ќе има рамка која ќе им овозможи на медицинските сестри од приватното здравство повторно да се вратат во јавното.
Сестрите се пожалија и дека се уште не го добиле ниту зголемувањето на платите за овој месец заедно со докторите.
Петар Догов