
“Медена земја” во потесен избор за Оскар како најдобар документарец и најдобар странски филм
„Медена земја“, документарниот филм на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов влезе во потесен избор за номинација за Оскар во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.
Американската академија го објави потесниот избор филмови во 9 категории од кој на 13 јануари ќе се изберат по пет филмови кои ќе бидат номинарани за престижната награда.
Во категоријата најдобар документарец се избрани 15 филмови од 159 пријавени, а „Медена земја“ за номинација ќе се бори со „Адвокатка“, „Американска фабрика“, „Аполо“, „Аполо 11“, „Акварела“, „Најголемата мала фарма“, „Пештерата“, „Работ на демократијата“, „За Сама“, „Големото хакирање“, „Урни ја куќата“, „Девојка’, „Полноќно семејство“, „Нација со по едно дете“.
Во категоријата најдобар странски филм во потесниот избор влегоа 10 филмови од 91 пријавени. Со „Медена земја“ избрани се и „Обоена птица“ од Чешка, „Вистина и правда“ од Естонија, „Клетници“ од Франција, „Оние што останаа“ од Унгарија, „Корпус кристи“ од Полска, „Сучка“ од Русија, „Атлантикс“ од Сенегал, „Паразит“ од Јужна Кореја и „Болка и слава“ од Шпанија.
Гласањето за филмовите кои ќе бидат номинирани во секоја категорија ќе се спроведува до 7-ми Јануари додека церемонија на доделувањето на наградите ќе се одржи на 9-ти Февруари во Холивуд.