„Медена земја“ со две номинации и официјално кандидат за Оскар

„Медена земја“  беше во потесниот избор за номинација за Оскар во две категории: за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Можеби звучи нескромно,  но се надевавме на ваков успех рече Атанас Георгиев продуцент и монтажер на филмот кој веднаш го контактиравме по објавувањето на номинациите.

Се разбира се надевав, што друго ни останува освен да се надеваме. Се надеваме барем еден Оскар сега. Тоа би било интересно, зарем не ? – изјави Георгиев.

Со триумфот на фестивалот „Санденс“ на крајот на јануари „Медена земја“освои 15 значајни награди на најпрестижните филмски фестивали, номинација за европски оскар, а филмските критичари го вброија во најдобрите десет филмови за 2019 – та.

Филмот „Медена земја“ има волшебна фотографија беа едногласни филмските критичари.

Барем јас лично не очекував. Очекував барем една номинација, но ова беше голем пресврт историски за сите нас за цела екипа и за сите филмаџии во Македонија мислам. Уште од првиот ден од премиерата никој не очекуваше дека нешто ќе се случи со филмот, меѓутоа секој нареден ден, секој нов настан случувања, се повеќе филмот е промовиран и е награден. И веќе не може да предвидиме, затоа можеме повеќе со резерва. Ако се случи некое изненадување, ако не, ќе бидеме среќни со тоа што сме го постигнале до сега бидејќи ова е нешто неповторливо– додава снимателот Фејми Даут.

ТВ Телма ексклузивно ќе го емитува 92-то доделување на Оскарите в недела, 9-ти февруари 2020.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ