„Медена земја“ го освои Санденс

Македонскиот документарец „Медена земја“ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, триумфираше на најпрестижниот американски фестивал Санденс. Прв пат во историјата на фестивалот еден филм победи во три категории и прогласен е за најдобар светски документарец.

Филмот „Медена земја“е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главната идеја е да се прикажат припадноста на човекот кон природата и нарушувањето на природната рамнотежа.

Премиерата на „Медена земја“ во Македонија се очекува во март.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ