Медарите најмногу страдаат од климатските промени, но и од даноците

Македонските пчелари произведуваат квалитетен мед, но тој засега претежно се продава на домашнот пазар, за негов извоз недостасува поголемо производство.

 На денешниот Меѓународен саем на медот,  беше побарана поголема помош од државата за зголемување на пчелните семејства.

За разлика од соседните земји, во Македонија пчеларите земаат најмали субвенции и воопшто не се преземаат чекори за нивно здружување.

За квалитетниот македонски мед говорат и  резултати од саемот, кои покажуваат дека над 90 %  од македонските пчелари прозиведуваат одличен мед.

Министерот за земојделие, признава дека е непоходна поголема помош за македонските пчелари.  

Во Македонија има 240 000 семејства со можност за зголемување на бројката, доколку државата како што велат пчеларите ги земе  во предвид нивните барања.  

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ