
Mечето Теди се уште без соодветно жиевеалиште во ЗОО
Двегодишното мече Теди е атракција во штипскиот ЗОО парк. Но, како што расте кафезот му е се помал. Живее на простор од само петнаестина метри квадратни , секојдневно го вознимирува бучавата од автомобилити и високите температури. Пред десетина дена ја иксршил вратат меѓу затворениот и отворен простор. Одгледувачите сега не смеат да се приближат и да му го исчистат кафезот. Надлежните велат дека се свесни за субстандардните услови во кои живее Теди, па неговото ново живеалиште во штипскиот ЗОО парк повторно побарале помош од донаторот Угриновски.
На социјалните мрежи има низа на коментари за грижата на животните во единствениот ЗОО парк на истокот, но од комуналното претпријатие тврдат дека останатите живеалишта за животните се по стандардите, а имаат и веќе вработено ветеринар кој се гржи за нив. Од Здружението за заштита на животните сметаат дека овој парк треба да се затвори.
- Секојдневно се соочуваме со деградација на животните и со сите ресурси кои ни се на располагање се бориме за нивните права и животи,и истото би го направиле и во овој случај со животните во Зоолошката, бидејќи таму тие се несоодветно згрижени, што претставува кршење на нивните права и кршење на Законот за благосостојба на Животните, велат од Здружение за заштита на животните-Штип
Во штипскиот ЗОО парк живеат педесетина животни, а е отворен пред 4 години.
Викторија Јованова