Мебелот пронајден кај Катица Јанева, бил избран од Боки 13, а требало да го плати 1 ТВ

Кожна гарнитура две фотељи и клуб масичка. Ги одбрал Боки 13, требало да ги плати 1 ТВ, а сопственичката на салонот ги препознала на фотографиите од запленетиот мебел кај Катица Јанева. Чинеле околу 5 илјади евра, ама фактурата 1 ТВ не ја плаќала. Како гаранција дека ќе биде платена, на каса прими биле дадени 2 750 евра, сведочеше газдарицата на зона Мебел.

  • Парите ги донела девојка, беа колку што би чинело без да се плаќа данокот. Но, беа оставени како гаранција за долгот, кој се уште не е наплатен од 1 ТВ. На фотографиите во обвинителството го препознав дека е истиот мебел, сведочи управителката на Зона Мебел, Лидија Младеновиќ.

Сведочеше и некогашната пријателка на Бојан Јовановски, водителката Лила Стојановска. Сега се скарани но додека биле во добри односи, рече дека дала и донација од 25 илјади евра и позајмица за 1 Тв.

Сведочеше и пријателка на мајката на Боки 13, судијката од апелација Мери Дика. И покрај обидите на обвинителството да дознае што купиле на патувањето во Милано, таа не беше децидна освен дека не потрошиле многу. За Бојан знаела дека има повеќе пари од претходно, откако почнал да работи социјални проекти. На крај тој пак се закани дека ќе поднесе 19 кривични пријави поради дискриминацијата што е во притвор. Побара изземање на  обвинителката од случајот Вилма Русковска, за која имал имфформации дека е вмешана во криминал тежок 4 милиони евра. Но праша каде да ја пријави, дали кај неа самата?

Со денешното рочиште заврши распитот на сведоците. Од утре ќе започнат доказите меѓу кои се и видео и аудио снимките кои ги објави италјанскиот весник, но и фотографиите и вештачењата од телефоните. За Рекет се обвинети екс специјалната обвинителка Катица Јанева и неформалниот сопстевник на 1тв Бојан Јовановски.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ