
Мебел изнесен од куќата на Катица Јанева, се очекува таа да биде пренесена во Судот
Полицијата попладнево изнесе мебел од куќата на Катица Јанева, откако таа беше донесена таму по претресот во нејзината канцеларија во Специјалното јавно обвинителство.

При претресот во СЈО одземен е и нејзиниот компјутер. Се очекува Јанева да биде изведена пред Основниот суд во Скопје, кој треба да одлучи по барањето на ЈО за притвор.
