Маж си ја убил жената, ја повредил и ќерката, па се самоубил

Семејна трагедија во Кочани, маж со нож и чекан уби жена, а потоа самиот скокнал од кровот на нивната куќа. Кавгата и насилството се одвивало во нивната семејна куќа  утринава околу три часот , во присуство на 22 годишната ќерка и 13 годишниот син.

Ноќеска во 3.10 часот во Полициската станица Кочани се јавилa женa и пријавилa дека во куќа на ул. „9 Мај“ во Кочани таткото ги тепал сопругата и ќерката. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што на покривот од куќата го затекнале Б.А.(54) од Кочани. Непосредно по доаѓањето на полициските службеници, Б.А. скокнал од покривот и починал. Во куќата во неконтактибилна состојба биле затекнати Л.А. (44), сопруга на Б.А., и неговата ќерка И.А.(22). Тие биле пренесени во Општата болница Кочани, каде Л.А. починала, а И.А. се уште се наоѓа во неконтактибилна состојба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, информира МВР.

Нивната 22 годишна ќерка која ја бранела мајката се здобила со повреди, која е пренесена на Одделението Хиругија во кочанската болница, а додека нивниот 13 годишен син во текот на кавгата и насилството побегнал и се засолнил кај соседите, од каде што и ја повикале полицијата. Се уште не се знаат мотивите за семејната трагедија, која се случи во егејското маало во Кочани, а според соседите биле мирно семејство и досега во полицијата не е пријавено семејно насилство.  Од Јавното обвинителство информираат дека во тек е расчистување на случајот издадени се Наредби за прибирање и вештачење на траги од лице место, за анализа на крв и урина од починатите и за вршење на обдукција на телата.

Викторија Јованова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ