
Матичните лекари од Кочини и Виница се солидаризираа со колешката која остана без капитација
Десетина матични лекари од Кочани и Виница на мирниот протест „И јас сум Виолета“ денеска и дадоа поддршка на колешката од Виница, Виолета Петковска, на којашто веќе втори месец и е укината исплатата на капитацијата. Причината е што нема комплетен тим. Оваа лекарка од лани има отворен оглас за прием на медицинска сестра, со цел да го комплетира тимот, но на огласот никој не се јавува. Иселувањето на медицинскиот кадар во овој регион веќе се чувтсвува. Трпат и матичните лекари, но и пациентите. Петковска навреме ги информирала надлежните институции за проблемите со кои се соочуваат
Лекарите се единствени во овој регион. Бараат да се направат законски измени, со цел ординациите да останат отворени за пациентите. Во спротивно и тие ќе бараат шанса во Германија и Шавјацарија.
Матичните лекари од Кочани и Виница, каде што веќе се чувствува егзодусот од иселувањето бараат законски измени, доколку неможат да формират тим со медицински сестри на нивно место да вработат администратор, кој ќе ги извршува работните задачи, со цел ординациите да опстојат во помалите градови.
Викторија Јованова