Матичните лекари не добија повисока капитација

Период од 35 дена за здравствената установа да вработи нов лекар ако си замине веќе вработениот, како и дополнителни три месеци за истиот тој самостојно да ги контактира пациентите и да ги префрли кај него.

Ова го понудија од Фондот за здравствено осигурување како одговор на барањата на матичните лекари кои бараа пациентите да бидат врзани за ординацијата наместо за услугите на избраниот лекар. Матичните останаа и без покачување на капитацијата.

Станува збор за преодно решение од страна на Фондот, а за конечно решение ќе може да се разговара откако ќе се воведе електронското здравствено досие за чие интегрирање како дел од здравствениот систем ќе бидат потребни од три до пет години.

Лекарите велат дека наместо да се напредува со реформите, условите за нудење услуги во здравството се уназадуваат.

Од Фондот за здравство велат дека правото на избор на лекар треба да остане на пациентите, а во периодот додека трае трансферот, на докторот ќе му се исплатува капитацијата, онолку колку што имал и претходниот доктор.

Наредната недела Здружението на приватни лекари ќе свика управен одбор на кој ќе одлучат дали ќе штрајкуваат како одговор на неисполнувањето на нивните барања.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ