Масовно пукање на турнир за видео игри во Флорида

Најмалку четири лица загинаа, а седум се повредени во вооружен напад што се случи на турнирот за играње видео игри во Џексонвил, во американската сојузна држава Флорида. Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е мртов.

Шерифот на Џексонвил, Мајк Вилијамс изјави дека се уште се работи на идентификација на осомничениот, но истакна дека е белец.

Дел од американските медиуми објавија дека напаѓачот е 24-годишениот Дејвид Кац од Балтимор, кој учествувал на турнирот.

Според непотврдени информации, напаѓачот убил четири лица, а потоа се самоубил.

Турнирот во играње видео игри „Madden NFL 2019“ беше пренесуван во живо преку интернет.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ