
Маска повеќе се бара во Тетово
По 85 часовниот карантин денес во Тетово раздвижено. Со оглед на тоа дека во градот започнуваат да важат засилените мерки на Владата, донесени како резултат на зголемување на бројот на случаи со Ковид 19, граѓаните од утрово започнаа со набавка на маски, чие задолжително носење започнува од утре. Фармацевтите велат дека побарувачката на заштитни маски е зголемена.
Тетовци во анкета се согласуваат со мерката за задолжително носење маски. Дел од нив велат дека и порано требало да биде воведена.
Лицата кои нема да ги почитуваат препораките, ако се групираат повеќе од 2 лица и за непостоење на оддалеченост, ќе бидат казнети. Полицијата мора да обезбеди фотографии од прекршокот (за понатамошно дејствување). Казните ќе се движат меѓу 1.000 и 1.500 денари.
Данијела Билбилоска